Студентка од Радовиш малтретирана и горена со цигара

од desk2

Студентка од Радовиш во полиција пријавила дека момче ја малтретирало и ја горело со цигара по рацете, во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.


Имено, во неделата околу 17.00 часот било пријавено дека во студентски дом „Гоце Делчев“, лицето М.Ѓ. физички ја малтретирал Д.Т. (21) од Радовиш.

Тој ја заклучил во соба, ја влечел за рака, ја горел со цигара и и упатил повеќе навредливи зборови. Притоа, Д.Т. се здобила со изгореница на десната рака.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини