Студентски пленум: Професорката Родна Живковска да биде изземена. Не може да работи непристрасно

од Vladimir Zorba

Соопштение на Студентски пленум:

Професорката Родна Живковска која е претседател на Комисијата за изменување на студентското организирање на УКИМ е во конфликт на интереси! Нејзиниот син, Иван Живковски е поранешен Претседател на СПУКМ, а во моментов тој е адвокат на СПУКМ, за што сведочи фактурата поднесена во финансискиот извештај на организацијата.

сп родна 2сп родна 1

Сметаме дека професорката Родна Живковска не може да работи непристрасно, имајќи го предвид досегашното криминално работење на СПУКМ со фалсификување на потписи, неконтролирано трошење, но уште повеќе и насилните избори кои се случија пред очите на целата јавност, а во што е вмешан и нејзиниот син.

Студентскиот пленум бара од Сенатот и Ректорот итно да биде изземена професорката Родна Живковска, со цел Комисијата да продолжи непречено со работа. Комисијата мора да го предвиди претставничкото тело на студентите како орган на УКИМ, ставајќи крај на насилничкото СПУКМ!

 

Слични содржини