Кривичниот суд во Скопје, за во понеделник закажа јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинението што ги поднесоа адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“, јави БИРН.

Заев: Оставки и преодна влада ќе ја олабават атмосферата

Судот одлучил на јавна седница да ги разгледа приговорите на адвокатите, пред да одлучи дали ќе дозволи обвинението да биде испратено на судење.

Станува збор за седница за „контролата на обвинението“, задолжителна фаза предвидена во Законот за кривична постапка.

„Добивме покани со кои се повикуваме в понеделник да ги образложиме нашите забелешки на обвинението пред Советот за оценка на обвинителниот акт. Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело“, потврдија за БИРН од адвокатскиот тим на Зоран Заев.

Повеќе на следниот линк.

Слични содржини