Сугарески-Томан: Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Чешка

од desk2

Интензивирање на соработката меѓу Македонија и Чешка, особено во делот на економијата, беше тема на разговор меѓу министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и чешкиот амбасадор Мирослав Томан што денеска се одржа во Скопје.


Министерството за транспорт и врски соопшти дека министерот Сугарески го информирал амбасадорот Томан за инфраструктурните проекти што се реализираат во патната и железничката мрежа, како и за реформите што ќе се спроведуваат во следниот период, а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

– На средбата разговаравме за актуелните прашања поврзани со двете земји. Чешка е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период, истакнал Сугарески.

Двајцата соговорници се согласиле да се интензивира понатамошната соработка, посебно во делот на подигнување на економските односи на повисоко ниво.

Слични содржини