Со по еден куршум во главата биле убиени турските државјани во Козле покажала обдукцијата на мајката и синот кои вчера беа убиени додека биле на гости кај сватовите во Скопје.

kozle_ubistvo

Полицијата проверува со каков вид на пиштол е стрелано кон убиените преку вештачење на една чаура која е најдена на местото на убиството. Убиецот користел и пригушувач на оружјето.

По телото и околу устата на убиениот Самет С. од Бурса имало и траги од бел прав сличен на брашно, потврдија за Телма добро упатени извори. Таква порака се остава во гангстерски пресметки кога се работи за бизнис со дрога. Најдениот прав исто така е даден на вештачење.

Повеќе ТУКА

Слични содржини