Истражната судијка донесе правилна одлука според сите околности. Судот покажа дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија. Ние не сме туѓинци, секогаш ќе бидеме нераскинлив дел од Република Македонија“, вели во изјава за провладиниот портал Курир, градоначалникот на Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, кој вчера наутро беше уапсен како дел од акцијата „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

06042013171435_edmond

Тој беше донесен на распит во Кривичниот суд во Скопје со полиција, но од таму си замина со приватно возило, а според неофицијални информации не му е одредена мерка притвор. Кривичниот суд се уште не се огласил официјално.

Во меѓувреме со реакција се јави СЈО од каде најавија жалби.

Иако е обвинет за изборни манипулации за гласање со лични карти со лажни живеалишта (жители на Пустец со лажни живеалишта во општина Центар), сепак Темелко вели дека жителите на Пустец имале право да гласаат и во општина Центар.

Тој вели дека на жителите на Пустец законски им следува да имаат двојно државјанство, македонско државјанство и лични карти и, како што вели, не значи дека ако си Македонец од Пустец немаш право да гласаш.

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите луѓе ниту се во бегство, ниту побарале прием во амбасади

– Тоа е нивно право и ние како политичари овде во Република Албанија секогаш ги охрабруваме и поддржуваме за сите нивни права и во конкретниов нивни случај, нивното право да гласаат и во Република Македонија и во Република Албанија, бидејќи голем дел од овие жители одат на сезонски работи и во Македонија и овде во општина Пустец. Се надевам дека СЈО нема да уапси некој кој ќе дојде од Егејска Македонија, бидејќи знам има податоци и таму што има некој државјанство и лични карти или од Пиринска Макеодонија, бидејќи и тие и ние сме Македонци, колку и тие што се во Република Македонија, без разлика што судбината си поигра, некој да биде во соседството, а некој во матичната држава, вели Темелко.

Слични содржини