(ОБНОВЕНА)Тешка сообраќајка на патот Велес- Скопје автобус излетал од патот кај Катлановско

од Vladimir Zorba

Според информации на социјалните мрежи  немало жртви само повредени, а станувало збор за автобус кој враќал туристи од Пефкохори од Грција.

 

Тешка сообраќајка се случила на автопатот   Велес- Скопје во реонот на  Катланово.Несреќaтa се случилa нa 300 метри oд местoтo зимски пункт Кулa. Повеќе од 10 возила на брза помош се упатиле на местотот на несреќата.

21.01 – Директорот на Ургентниот центар во Скопје д-р Илир Хасани потврди дека кај нив се примени десетина од повредените патници од кои еден е во тешка состојба.

– Во Ургентниот центар се примени околу 10-тина повредени од кои еден пациент се наоѓа во шок соба во потешка општа состојба со повреди на екстремитетите и телото. Во моментот другите се во фаза на иследување, рече д-р Хасани.

20.45 – Според првичните информации повредени се околу 20 лица. – Околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извелекување на повредени.

Директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (Стара Градска болница) д-р Иван Спировски за МИА информира дека според нивните првични сознанија околу 20 лица биле повредени, од кои кај нив се примени шестмина кои се во фаза на испитување, а по извршените снимања ќе се утврди дали ќе бидат хоспитализирани.

– Засега на Универзитетската клиника за хируршки болести се примени шест пациенти кои што се во фаза на испитување. Еден е потешко повреден со контузија на градниот кош и на стомакот и е во фаза на испитување на компјутер. Уште една пациенка е со скршеница на левата надлактица, изјави д-р Спировски.

Во Болницата во Велес се примени осум лица од кои едно дете, но засега не соопштуваат повеќе детали.

19.57 – Автобус со грчки таблички вечерва излетал надвор од коловозт на автопатот Скопје – Велес.

Во тек е излекување на повредените патници.

– Околу 19 часот на автопатот Скопје – Велес, во близина на зимскиот пункт Кула, автобус со грчки национални ознаки изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На место на настанот присутни се екипи на брза помош и полициски возила. Се работи на извелекување на повредени, потврдија од МВР.

Се уште нема податоци за бројот на повредени. Од местото на настанот новинарски екипи јавуваат за најмалку 15 повредени, а медцински лица од брзата помош побарале ургентнитее центри на градската скопска болница и клиниките да бидат подготвени за прием на тешко повредени.

19.45 – Од полицијата исто така соопштија дека од 19:30 часот, поради несреќата, е затворен сообраќајот на автопатот Велес – Скопје од Штипската клучка. Се очекува патниот правец да биде затворен во наредните неколку часа.

Нема инфромации за чиј автобус станува збор, ниту како тој излетал од патот.

Според информации на социјалните мрежи  немало жртви само повредени, а станувало збор за автобус кој враќал туристи од Пефкохори од Грција. На социјалните мрежи алармираат дека е потребна помош и дека има повредени.

фото Фејсбук

Слични содржини