Тетовка го пријавила невенчаниот сопруг за полов напад врз двете ќерки

од desk2

Б.И. (35) од село Љубин, Скопско, е обвинет за полов напад врз две малолетнички и против него е поднесена кривична пријава.

Како што соопшти полицијата, случајот завчера го пријавила Н.И. (46) од Тетово на која Б.И. и е невенчан сопруг.

Според Н.И., Б.И. во повеќе наврати ги повикувал нејзините две ќерки од претходните невенчани бракови и вршел полови дејства.

Пријавениот е лишен од слобода и му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини