84
САД не го признаваат референдумот за независност во ирачки Курдистан и повикаа да се стави крај на „заканите за реципрочно дејство”, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон.
Во официјалното соопштение Тилерсон рече дека САД не го признаваат „едностраниот референдум организиран од регионалната влада на Курдите во понеделникот”.
– Гласањето и резултатите не се легитимни и ние продолжуваме да го поддржуваме обединетиот, федерален, демократски и просперитетен Ирак, рече Тилерсон.
Тој повика на смиреност и ставање крај на критиките и заканите за реципрочна акција.