Толку од “дружбата”- Русија и Турција наскоро пак непријатели?

од desk3

 

Месеци во односите меѓу Русија и Турција владееше леденото доба. Неодамна тие повторно се пријатели. Но ете, сега се поставува нов конфликт. Причината: турската воена интервенција во Сирија- пишува DW.

images

 

Постои нов спор. Или поточно речено: тој лебди во воздухот. Станува збор за спорот меѓу Русија и Турција и меѓу Русија и САД. Бидејќи она за што инсистираше американскиот потпретседател за време на посетата на Анкара, предизвика “длабока загриженост” во руската престолнина. Во средата Џо Бајден ги повика сириските Курди да се повлечат источно од Еуфрат. “Ние целосно ги поддржуваме активностите на турската армија”, изјави Бајден вечерта по средбата со турскиот претседател Реџеп Ердоган.

Исто како САД, досега Русија ги поддржуваше сириските Курди. Руското МНР упати остра критика дека воената операција на Турција во Сирија не била договорена со Дамаск. Сега требало да се дојде до “дополнителна деградација на конфликтот”, до нови жртви меѓу цивилното население и до изострување на етничките тензии меѓу Курдите и Арапите.

Обемот на операцијата ja изненади Москва

0,,19501637_401,00
Всушност плановите за спорната од Русија воена операција на нејзините нови турски пријатели биле познати “барем на тајните служби”, пишува весникот “Комерсант”. Не меѓутоа и обемот на операцијата, кои ги изненади сите во Москва. Според рускиот експерт од Институтот за источно-азиски студии Александар Василиев сепак, двете страни се премногу далеку од нов конфликт. “Турците натрупаа многу горчлив искуство со Русите по соборувањето на рускиот воен авион. И Анкара извади поуки. Освен тоа Турците се силно заинтересирани за подобрување на односите со Русија”, вели тој за Дојче Веле. Доказ за тоа беше неодамнешната посета на турскиот претседател Реџеп Ердоган во Санкт Петербург. “Се разбира дека тука станува збор, пред сè за силните економски интереси на Турција. Зашто од турска страна заложила многу повеќе отколку од руска”, тврди Александар Василиев.
Сепак воената операција покажува дека секој во Сирија гони сопствените интереси. Турците и Американците сакаат да спречат Курдите да влезат уште подлабоко во западна Сирија, затоа што тогаш може да стане опасна за Турција. Русите пак досега демонстративно ги поддржуваа Курдите. Особено за време на леденото доба во односите меѓу двете земји – особено за да и оддадат лекција на Турција. Овој период сепак заврши. Но ете, сега активностите против Курдите можат да забијат клин во новите пријателски односи меѓу Русите и Турци.
Да не го заборавиме и Асад

Да не заборавиме и на сирискиот диктатор Башар Асад. Можеби Турците ќе го трпат за одредено (или неопределено) време како шеф на државата. Но некогаш трпението ќе им го снема. Москва, пак, гледа на работите поинаку. За Русија претседателот Асад останува единствениот легитимен претседател на Сирија. И затоа руските војници континуирано ја поддржуваат неговата војска.

Турскиот упад во Сирија е непријатно изненадување за Москва. Изненадување, која покажува дека надежите за вистинско зближување меѓу Русија и Турција по сириското прашање се имагинарни.

Слични содржини