Тракторист загина во сообраќајка во Кумановско

од Vladimir Zorba

Тракторист од кумановското село Оризари починал откако вчера изутрина во 10:40 часот се превртел со тракторот на шумскиот пат на околу два километра на влезот во село Алашевце.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, трактористот А.Д. (45) од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството./a1on

Слични содржини