Трамп: Планот на Хилари Клинтон за Сирија води кон Трета светска војна

од Vladimir Zorba

 

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп оцени дека планот на неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон за Сирија, би довел до Трета светска војна, поради „потенцијалот за конфликт со вооружените сили на Русија“. trampo

Во интервју во рамки на неговата кампања низ американската сојузна држава Флорида, Трамп нагласи дека според него поважно е да се порази џихадистичката група Исламска држава (ИД), отколку да се убеди сирискиот претседател Башар ел Асад да се повлече од власта, кој е еден од приоритетите на актуелната Администрација во Вашингтон и на Клинтон.

– Она што треба да направиме е да се фокусираме на ИД. Не би требало да се фокусираме на Сирија. Ако ја слушаме Хилари Клинтон ќе завршиме во Трета светска војна, порача Трамп од Мајами.

Според Трамп, Асад денес е многу посилен отколку што беше пред три години, па затоа сега е помалку важно тој да биде натеран да се повлече од власта, а приоритет треба да се стави на уништувањето на ИД.

Слични содржини