Трамп со остра критика кон ФБИ: Не можете да го запрете истекувањето на важни информации

од desk2


Американскиот претседател Доналд Трамп упати остра критика кон ФБИ за тоа дека не може да го запре истекувањето на државни информации во медиумите.

“ФБИ е целосно неспособнa да утврди кои се луѓето што допуштија протекување на информации поврзани со националната безбедност, кои дејствуваат во нашата влада долго време. Тие не можат дури да ги најдат информаторите во самиот ФБИ. Доверливи информации, која се даваат на медиумите, може да има уништувачки ефект за САД “, напиша Трамп во својот профил на Twitter.

Во петокот телевизија CNN изјави дека директорот на ФБИ Џејмс Коми го одбил барањето на Белата куќа да бидат собрани шефовите на американските медиуми и да се побијат тврдењата за контакти меѓу изборниот штаб на Трамп и Русија.

CNN и весникот “New York Times” беа првите медиуми кои јавија за слични разговори претходно водени овој месец. Според извори на телевизијата ден по излегувањето на публикациите, шефот на администрацијата на Белата куќа Рејнс Прибс и заменик-директорот на ФБИ Ендрју Маккејб разговарале за прашањето. Прибс го побарал Маккејб да организира брифинг и да ги побие пораките за слични контакти.

Во последните недели Трамп и неговата администрација се повеќе активно ги напаѓаат американските медиуми, обвинувајќи ги за ширење на лажни информации. Пред неколку дена повторно во Twitter претседателот нарече “New York Times”, CNN, CBS и ABC “непријатели на американскиот народ”.

Слични содржини