Цените во Хрватска поевтини од ЕУ а исти со Италија, Германија и Чешка

од Vladimir Zorba

 Бизнис светот денеска

 ЗагребАко се најдат во Европа, Хрватите можат да сметаат на тоа дека за своите пари единствено во Чешка и Словачка можат да купат слично количество на стоки и услуги како и во Хрватска. Потрошувачките цени на стоките и услугите во Хрватска, во просек се за третина пониски од просечните во ЕУ, а со нивото се најблиски со цените во Италија и Германија. Но, затоа Хрватите со поплиток џеб немаат што да бараат во Швајцарија, Исланд, во скандинавските земји па и во Ирска, во кои цените во просек се 2 до 2,5 пати повисоки од цените во Хрватска.

Виена – Цените на нафтата паднаа за над 10 отсто од 25 мај, кога ОПЕК, Русија и другите производители на нафта се договорија за продолжување на рокот за намалување на производството ма енергенсот. Причина за овој нов пад на цените е растот на нафтените резерви во САД, нешто што Саудиска Арабија го сака и изгледа може да го промени. Саудиска Арабија има голема рафинерија во САД и ако сака би можела да го успори извозот во земјата.

Атина – Приходите на грчките девизни обврзници со рок на доспевање од 10 години паднаа на најниско ниво во последниот месец. Падот следеше откако европските доверители ја одобрија исплатата на новата транша од кредитот за Атина во износ од 8,5 милијарди евра и предложија низа мерки за потенцијално намалување на грчкиот долг. Каматата на грчките обврзници, со рок на доспевање од 10 години, падна за дури 10 базни поени на 5,766 поени, што е најниско ниво од 23 мај.

Загреб – Томас Вагнер, коосновач на американскиот фонд „Најтхед Кепитал Менаџмент“, кој е сопственик на обврзниците на „Агрокор“, во изјава за „Вечерњи лист“ вели дека имаат позитивен поглед на работењето на концернот во иднина и дека смета оти тоа е фантастична компанија која треба да ги задржи своите клучни подружници. Вагнер рече дека „Најтхед Кепитал Менаџмент“ е далеку најголем сопственик на обврзниците на „Агрокор“, бидејќи веќе некое време ја следи компанијата и има „многу позитивен поглед на нејзиното работење во иднина”.

 Прага – Чешката централна банка двојно го зголеми износот кој домашните банки ќе го издвојуваат од претпазливост поради потенцијално соочување со потешкотии поради брзиот раст на кредитите. Овој чекор е преточен во Нацрт закон, кој на централната банка ќе и овозможи да ги натера кредиторите на ограничување на кредитирањето, ако биде потребно, но постои ризик тој да не помине во Парламентот, кој се најде на удар на остри критики од гувернерот на централната банки на Чешка, Јижиј Руснок.

Доха – Катарската авионска компанија „Катар Ервејз“ соопшти дека нејзините летови до и од Доха се одвиваат по вообичаениот ред на летање. – Летовите на „Катар Ервејз“ се одвиваат по вообичаениот ред на летање, а моментната состојба не влијаеше на многу летови. Нашиот фокус е на пружање на поддршка на патниците кои се погодени од актуелната ситуација и на пружање на највисоко ниво на услугите, изјави генералниот директор на авионската групација Акбар Ал Бакер, по одлуката на неколку арапски земји за целосна блокада на Катар.

Токио – Централната банка на Јапонија ја задржа актуелна лабавата монетарна политика, поради извесните показатели за подобрување на состојбата во третата најголема светска економија. Референтната каматна стапка е задржана на минус 0,1 отсто. Централната банка соопшти дека економијата на Јапонија се забрзува, поради што е донесена одлука да се задржи постоечката програма на годишното купување на активи во вредност од 80.000 милијарди јени (719 милијарди долари). /МИА

Слични содржини