Цивил: Во Чаир се прегласува мирно, со слаба излезност и силно присуство на полицијата

од desk4

Прегласувањето во ИМ 2901 во СОУ „Иднина“ во Чаир се одвива мирно и без висока излезност во првиот дел од изборниот ден. До 12:30 часот гласаа 130 граѓанки и граѓани, како што известуваат набљудувачите на ЦИВИЛ. Забележливо е силно присуство на полицијата.

Во вториот круг локални избори во оваа избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи. Разликата меѓу кандидатите за градоначалници Зеќирија Ибрахими и Висар Ганиу беше 66 гласа предност за Ибрахими. По одбиениот приговор на Беса за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.

Беса, незадоволна од начинот на спроведување на изборниот процес во вториот круг во Чаир, до ДИК поднесе 89 приговори. Оние што се однесуваа за избирачки места во Чаир, најмногу се однесуваа на броењето на гласовите, каде овластените претставници на партијата констатирале дека за неважечки се прогласувале оние гласачки ливчиња каде, како што се вели во приговорите, е јасно изразена волјата на гласачите, токму за нивниот кандидат за градоначалник.

Слични содржини