Турската Влада предложи продолжување на вонредната состојба

од desk2

Турската Влада денеска до Парламентот во Анкара достави барање за продолжување на вонредната состојба во Турција за уште три месеци.

Во соопштението на Кабинетот на турскиот премиер Бинали Илдирим се наведува дека новото продолжување на вонредната состојба би требало да стапи во сила од среда 19 јули.

Вонредната состојба во Турција беше воведена по неуспешниот обид за воен удар до јули минатата година и отогаш е постојано продолжувана на период од три месеци.

Слични содржини