“Убер” има загуба од 1,27 милијарди долари за оваа година

од Vladimir Zorba

01fce90390a0b113c2762fad14b47855

“Убер” регистрира загуба во износ од 1,27 милијарди долари за првата половина на оваа година, соопшти агенцијата “Блумберг”.

Податоците им биле соопштени на акционерите на компанијата од финансискиот директор Гаутам Гупта. Тој објавил дека за првиот квартал на годината “Убер” има загуба во износ од 520 милиони долари, а за вториот квартал загубата е над 750 милиони долари. Во ова влегуваат и 100 милиони долари загуба во САД, каде што е најголемиот пазар на компанијата.

Гупта изјави дека главната причина за загубите се субвенциите кои компанијата ги дава на возачите во целиот свет. Според него постепено приходите ќе се зголемуваат, бидејќи бизнисот расте. Тој наведува дека во првиот квартал приходите биле 3,8 милијарди дДолари, а во второто достигна 5 милијарди. Долари.

И покрај големите загуби, засега “Убер” располага со многу пари така што последниве месеци компанијата има нови 2 милијарди долари приходи, а се очекува и уште 1 милијарда. долари по спојувањето со кинеската компанија Didi Chuxing.

Слични содржини