Украинското обвинителство: Саакашвили има 24 часа да се предаде на властите

од desk4

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили има рок од 24 часа да се предаде на украинските властите откако негови приврзаници му помогнаа да избегне полициско апсење, изјави денеска главниот обвинител на Украина.

– Сметам дека со лично јавување пред истражните органи во Службата за безбедност на Украина, Михаил Саакашвили ќе и помогне на државата што ја сака, изјави во парламентот главниот обвинител Јури Луценко и додаде дека полицијата ќе го приведе по истекот на тие 24 часа.

Луценко кажа дека обвинителството располага со докази дека претставник на Саакашвили добил 500 илјади долари од украински бизнисмени со врски во Русија за финансирање на проекти.

Слични содржини