Ужас во Америка: Мајката ги ставила децата во рерна и ја вклучила

од desk2

Американката Лемора Вилијамс (24) обвинета е за убиство на две од своите најмали деца така што ги ставила во рерна и ја вклучила.

Според налогот за апсење, таа мајка на четири деца се товари дека својот двегодишен син Ка Јунте Пења и едногодишниот Ја Картер Пења ги ставила во рерна во нејзината куќа во Атланта, некаде меѓу 12 часот во четврток и 23 часот во петок.

Полицијата го однела шпоретот од куќата на Лемора Вилијамс на понатамошни испитувања, а американските медиуми пренесуваат дека полицајците на телата на децата забележале големи изгореници.

Според полицијата, таа го повикала таткото на децата Џамал Пења, во петокот вечерта и му рекла дека нешто тргнало наопаку па двете деца умреле. Разговорот се водел преку видео повик.

Штом ги видел мртвите деца, Пења повикал полиција.

Тие потоа го нашле во куќата тригодишниот син на Вилијамс и на Пења, Џамал Пења Помладиот, неповреден. Најстарото дете на Вилијамс, шестгодишната ќерка не била во куќата.

Таа им рекла на полицајците дека децата ги оставила со некој роднина, кој не бил тука кога се вратила.

Според нејзините пријатели и членови на семејството, таа подолго време пати од ментални нарушувања, кои се влошиле по смртта на татко и.

„Таа единствено знае што точно се случило“, вели една од нејзините сестри, додавајќи дека мора да се внимава да не изврши самоубиство.

Слични содржини