Ракометниот првак на Македонија ЖРК Вардар вечерва гостува во Шведска кај екипата на Савехоф во меч од последното коло на втората групна фаза во Лигата на шампионките.

radostzrkvardar

Вардарки на овој дуел ќе атакуваат на победа со која ќе ги зголемат шансите за освојување на второто место во групата, а со тоа и полесен противник во четвртфиналето. Сепак, покрај победата на црвено-црните, за освојување на второто место услов е и триумф на екипата на ЦСМ Букурешт во дуелот со првопласираниот тим на Ѓер.

Натпреварот Савенхов – ЖРК Вардар ќе се игра вечерва од 19 часот, а е во рамките од 2-та група во која преостанатите две средби, ЦСМ Букурешт – Ѓер и Будуќност – Митјиланд ќе се играат в недела.

Познати сите учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа

Во групата 1, за утре закажан е дуелот Ференцварош – Баја Маре, а ден подоцна ќе играат, Турингер – Ростов Дон и Флори – Ларвик.

Табела – група 1: Ростов Дон 17 бодови, Ларвик 10, Баја Маре 10, ФТЦ Ференцварош 10, Флери 6, Турингер 1.

Табела – група 2: Будуќност 13 бодови, Ѓер 13, ЖРК Вардар 12, Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2./МИА

Слични содржини