(ВИДЕО) Алаѓозовски: Не го чепкајте Скупи старо 20 века преку Годишната програма, ќе одговарате!

од Vladimir Zorba

„Овде сме да порачаме Канческа Милевска веднаш да се откаже од уништувањето на грандиозниот објект Скупи, чиишто остатоци се стари 20 века!

Предупредуваме дека намерата да се руши дел од културното наследство Скупи, за да се гради театар, е кривично дело поврзано со оштетување и уништување културно наследство и дека ќе има одговорност!

Голем број објекти од културното наследство во Македонија се распаѓаат и не се ставени во Годишната програма од Канческа Милевска. А објектот Сукупи е ставен во програмата за да биде уништена неговата автентичност!

Овде сме за да покажеме дека се потврдија нашите предупредувања, дека се подготвува незаконски и недозволив масакр врз објектот. Како што може да се види на остатоците од објектот, веќе се обележани деловите што е планирано да се срушат!

Тука власта во заминување замислила дека треба да изведе армирано-бетонска конструкција за театар. Во моментов работите се запрени поради лошите временски услови.

Намерата е преточена и во Годишната програма за 2017 годнина, каде наместо конзервацијата за којашто тврдеше Канчевска Милевска, сега е наведено дека ќе се прави “делумна реконструкција на сценската зграда на театарот во Скупи“.

Предупредуваме дека според важечкото Решение на Скупи, за утврдување својство споменик на културата, наведена е „забрана за поставување на какви било објекти на овој простор“.

Друго прашање е што не е наведено како би се конзервирал некогашниот најголем антички театар во земјава кој бил изграден од травертински блокови, кога дел од тие блокови се преместени на скопските ѕидини на Кале и како би се реставрирал театарот според конзерваторските стандарди, кога не се знае вистинскиот изглед на театарот, како што предупредува стручната јавност.

Министерката за култура во заминување, Канческа Милевска, осомничена од СЈО во случајот Тендер и криминалната власт мора веднаш да заминат за да престане уништувањето на културата и културното наследство во Македонија и нивната замена со квази култура што нанесува непоправливи штети на државата и граѓаните.

Затоа, итно е потребна нова одговрна Влада на граѓаните на Македонија што на соодветен начин ќе ги решава клучните проблеми и потреби и во култутара и на граѓаните“, изјави Роберт Алаѓозовски претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Слични содржини