(ВИДЕО) Арифи по средбата: Имавме конструктивни разговори, последниот збор го има претседателството

од desk2

Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи по средбата со претставниците на СДСМ рече дека на маса ги доставиле нивните барања информира а1он.

– Јавноста е запознаена со нашите барања, реализирање на скопскиот договор во однос на прашањето за Специјалното јавно обвинителство исто така прашањата кои се поврзани со реализација на Охридскиот договор и интеграција во Европската Унија и НАТО заедно со целосната еднаквост на Албанците тука, рече Арифи.

Таа не сакаше да каже ништо повеќе во врска со средбата единствено кажа дека имале конструктивни разговори и дека сепак последниот збор го има претседателството./а1он

Слични содржини