Виолета Бошкоска, сопруга на Љубе Бошкоски за А1он тврди дека планот за апсењето го знаеле и пред да се случи, а екс министерот сознанијата ги презентираше и на прес конференција дека му подготвуваат неколку случаи. На маса биле неколку предмети, а се барале заштитени сведоци за целото сценарио.

violeta-boskovska

Таа посочува дека првично планот за Љубе бил да биде ликвидиран, поради што екс министерот за внатрешни бил многу внимателен кога патувал надвор од Скопје. Вечерта по изборите, знаеле дека следниот ден ќе следува апсење за некој од предметите кои подолго време биле поготвувани.

-Сознанијата на Љубе беа дека се мести апсење, па дури одеа до негово убиство, а зошто не отиода на убиството туку на негов линч од политичката сцена, не е јасно. И првото дело што му го наместија и второто дело, Љубе ги знаеше. Првото дело му дојде од странски служби од Чешка каде заштитниот сведок и еден господин од Владата одеа и се договараа како ќе го изведат.

А второто дело, беа повикани луѓе во Владата и им беше кажано да се тргнат од партијата Обединети за Македонија комплетно, дека партијата ќе се распадне, а на Љубе додека е во затвор ќе му се намести случајот за Марјан Тушевски или „Јама“, рече Бошкоска за А1он.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини