Започната отворањето на пронајдената “црна кутија”

На  интернет истекоа првите фотографии од местото на авиокатастрофата со рускиот авион Airbus A321. Авионот се урна во северниот дел на Синајскиот Полуостров, како што се  досегашните информации се нагласува дека се урнал  и удрил во карпа, а потоа се подели на две. На кадрите, распространети од египетска телевизија се гледа дека трупот на рускиот авион е разнесен целосно.Но нема ни трага од карпа, а до каде дојде таа во приказната кога местото се протега  во пустина, забележуваат руските медиуми.  Досега од местото на трагедијата спасувачите извлекле 129 трупа, кои веднаш се транспортира во мртовечницата во Каиро (види видео).Препознавањето на загинатите сепак ќе се случува во Санкт Петербург. 

 Премиерот на Египет Шериф Исмаил изјави дека е започната отоврање на пронајдената “црна кутија”. Малку подоцна беше соопштено официјално дека е пронајдено и втората црна кутија. Спротивно на првите пораки објава  направи и министерот за цивилна авијација на Египет Хусам Камал. Тој најави дека пилотот на А321 не се обраќал за помош кон авиодиспечерите на аеродромот во Шарм ел Шеик. Претходните информации гласеа дека командантот на урнатиот авион известил за технички проблеми. “Односот на авиодиспечерите со рускиот авион се засили во нормален режим до моментот на катастрофата”, изјави на брифингот Хусам Камал  цитиран од РИА Новости.

Слични содржини