(ВИДЕО+ФОТО) Италијански мафијаш во бегство најден сокриен во неговата вила

од Vladimir Zorba

1475756085-clipboard02

Еден од шефовите на италијанската Мафија, Антонио Пеле (54) кој пет години беше во бегство, е пронајден сокриен во сопствената вила.

Италијанските всници пишуваат дека полицијата го пронашла Пеле во едно посебно изградено и уредено скривалиште, меѓу спалната соба и бањата.

Пеле, познат по прекарот „Мама“ првпат бил уапсен во 2008 година, но три години подоцна, побегнал, откако бил испртен во болница, на лекување.

Се соочувал со казна затвор од 20 години, обвинет за шверц на дрога и оружје.

– Педесет полицајци, темелно мораа да ја претресат двокатната вила, каде Пеле отсекогаш живеел, уште од времето пред неговото прво апсење и бегството, додека не го откривме тајното скривалиште, изјави за италијанските медиуми, комесарот на полицијата Франческо Рата.

Скривницата имала само еден душек за спиење, вентилатор, повеќе шишиња со вода за пиење и многу пари во готовина.

Не се знае колку долго Пеле престојувал во скриениот простор во неговата вила.

Полицијата и Обвинителството тврдат дека Антонио Пеле бил на челото на едно од водечките криминални семејства во Италија.

Во 2007 година, во пресметката на неговиот клан, со друг противнички, во ресторан, во германскиот град Дуизбург, беа убиени шест лица.

Слични содржини