(ВИДЕО+ФОТО) Маж во Мисисипи уби 8 лица во 3 различни куќи

од Vladimir Zorba

Маж пукаше во Мисисипи и уби осум лица. Меѓу нив е и заменик – шерифот на округот Линколн. Напаѓачот е уапсен.

Портпаролот на Бирото за истраги Ворен Стрејн изјави дека пукањето било во три одделни куќи и се случило во саботата вечерта.


Осомничениот е Вили Кори Бодболт, кој има 35 години. Според msnewsnow.com имал и 16-годишен заложник, кој успеал неповреде да му избега.

Сеуште не се јасни мотивите на напаѓачот. Гувернерот на Мисисипи Фил Брајант изјави: “Секој ден мажите и жените кои носат полициска значка, прават некаква жртва, за да го заштитат општеството.


Премногу често ги губиме најдобри полицајци кои се жртвуваат себеси за време на акции “, пишува Брајант на Фејсбук.
Тој исто така ги повика луѓето да се молат за оние кои ги загубија своите животи во пукањето. Меѓу убиените се и маж и жена, кои биле застрелани на улица. Се уште не се јасни мотивите на убиецот.

Слични содржини