Ако до попладнево Јавното обвинителство не се изјасни врз основа на која одлука и кој закон забранило МТВ да емитува од прислушуваните разговори на СДСМ, тогаш нивното соопштение, на кое се повикува МТВ дека преставува забрана за пуштање на снимките во вести, ќе стане ништовно, а тоа ќе го искористи „Достоинство“ да изврши упад во МТВ утре на пладне.

Стојанче Ангелов на главниот уредник Горан Петревски му дава уште една шанса. Ако обвинителството не се изјасни за тоа дали воопшто постои одлука за забрана за емитување на снимките, тогаш МТВ ќе мора во вечерните вести денеска да објави подолг прилог за сите необјавени „бомби“ на опозицијата. Ако уредниците на јавниот сервис го игнорираат ова, тогаш утре стотици граѓани ќе упаднат во просториите на телевизијата.

Вечерва МРТ да емитува прилог со сите бомби, доколку МРТ не ги емитува снимките, тоа значи дека уредникот самоволно ги крши уставот и законите, а крши и повеќе постоечки закони во Македонија.Утре во 12 часот сите граѓани да дојдат и да влеземе во МРТ, ненасилно, нема да дозоволам да се тепаме, имам начин како да влезам и тоа ќе го кажам утре пред МРТ. Нема да има конфликт, а снимките ќе бидат емитувани, рече Ангелов.

Тој повторно го повика и Јавното обвинителство да ги даде бараните одговори.

 

Доколку денес јавното обвинителство не кажа врз основа на која нивна одлука го заснова соопштението со кое се забранува на МРТ да се емитуваат политичките бомби, ќе сметаме дека соопштението е ништовно. Тоа ќе биде доказ дека не постои таква одкука. Тоа е кривично дело, и во најскоро време некој ќе одговара, рече Ангелов.

 

Слични содржини