Што ли беше, одговор, порака или тврдење !?

 

– Ако сакаше некој да го убие Заев, ќе го убиеше. Сто души имаше на пет метра од него, ќе извадеа пиштол и ќе го убиеа. Јас сум против насилство, но апсурдна е изјавата на Заев дека луѓето кои влегоа во Собранието имале умисла да го убијат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема“ на Телма.Се наметнува дилемата што ли значеше ваквата конструкција на Груевски?Што ли беше, одговор, порака или тврдење !?

 

Тој тврдеше дека не знаел кои се луѓето со качулките кои синоќа тепаа во Собранието, иако водителот му рече дека знаеле и двајцата дека се пуштени затвореници, полицајци и криминалци.