(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: Сорос прв и даде кредит на земјава кога најмногу и требаше

од Vladimir Zorba

А што е со танспарентонста на финасирањето на невладините од страна на Владата, а тие потоа градат споменци и не даваат отлет од каде им се тиа милионски суми ?

Фондацијата Отворено општество Македонија е создадена во 1992 година. Една од првите работи кои ги има направено Џорџ Сорос за оваа земја е што тој прв и даде кредит во времето кога ниедна финансиска институција не ценеше дека Македонија е кредитно способна држава, во времето на ембаргото од Грција и нафтената криза, изјави вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма, Фани Каранфилова-Пановска, директорка на ФООМ, реагирајќи на констатациите на новинарот Цветин Чилиманов.

Беше поставена дилемата, а што е со танспарентонста на финасирањето на невладините од страна на Владата, а тие потоа градат споменци и не даваат отлет од каде им се тиа милионски суми ? Зошто Владата не спомнува дека Сорос финансирал  многу повеќе во Владата отколку во невладините.

ФООМ во своето 25 годишно постоење во Македонија има потрошено 145 милиони долари кои завршиле во македонските институции. Само во периодот од 2011 – 2016 година, над 32 американски долари завршиле во образованието. Поради присуството на ФООМ во Македонија, досега се влеале над 20 милиони долари во државната каса.

По секои избори ВМРО-ДПМНЕ креира имагинарни непријатели во Македонија. ФООМ по изборите изгледа дека беше избрана да биде најжестоко нападнат субјект, од причина што секогаш кога некому не му одат работите како што ги планирал, потребно да го вперите прстот кон некој што ќе биде плашилото, за да го одвлечете вниманието на јавноста од тоа дека на изборите не сте го доживеале посакуваниот успех, рече Каранфилова Пановска.

Наспроти ова, владата огромни суми давала на граѓански организации за изградба на споменици, а само за 10 проценти од парите за невладиниот сектор има јавен повик.

Најголем дел од средствата кои владата ги дава на граѓанскиот сектор доаѓаат од Министерството за правда односно 2 милиони евра и нема отворен повик. Потоа следува Министерството за труд и социјална политика со 1,5 милиони евра. Сумите кои се доделуваат се различни, од 50 евра до 800.000 евра, а главниот проблем е што не се знае како се трошат парите.

 

Слични содржини