(ВИДЕО) Крунисаните Пајонски кралеви: Почнаа археолошките ископувања на тврдината Исар

од Vladimir Zorba

arheolozi_iskopuvanja

Штипските археолози почнаа со археолошките истражувања на тврдината Исар, каде што очекуваат да го откријат светилиштето, во кое се крунисувале Пајонските кралеви, информира Телма.

Археологот Митко Штерјов смета дека се на чекор до ова откритие, а со досегашните истржувања во северозапдниот дел на тврдината откриена е црквата Свети Власије и некропола.
Записите од третиот век говорат дека токму покрај реката Брегалница, а тогашен Астибо се крунисувале Пајонските кралеви.

Досега археолозите имаат потврдено две легенди за тврдината Исар, кои се пренесувале низ вековите, едната е и за Тајниот тунел од 150 метри кој води од реката Брегалница до тврдината Исар.

Целиот текст може да се прочита тука

Слични содржини