(ВИДЕО) Натали Портман и Лили Роуз Деп делат када во трејлерот за нивниот нов филм

од Vladimir Zorba

Додека ние слободно ја делиме храната за време на вечерите со пријателите, или им даваме на пријателите да земат голтка од коктелот во кафулето, една работа е сигурна -сакаме да си останеме под тушот или во кадата сами, не како Лили Роуз Деп и Натали Портман.landscape-1472222464-natalie-lilyrose

Пред три дена беше објавено промо видеото за нивниот најнов филм „Планетариум“, во кој можете да ги видите двете актерки седнати во када заедно, како делат цигара.

 Француско-белгискиот филм се фокусира на пар американски сестри во 1930-тата во пред воен Париз, кои тврдат дека се спиритуалисти и можат да комуницираат со мртвите.

https://www.instagram.com/p/BJkeCNmBFkC/

Двете франкофонки (мајката на Деп е француската пејачка Ванеса Паради, додека Портман е мажена за францускиот балетан Бенџамин Милпије) зборуваат на мешавина од англиски и француски во филмот, како што нивните ликови Лора и Кејт се обидуваат да изградат кариера во француското кино, откако филмски продуцент им нуди голем пробив во киното.

Погледнете го трејлерот за филмот подолу:

Слични содржини