(ВИДЕО) Никола Груевски и Тони Трајковски во посета на Хиподором

од desk4

„Задоволство ми е што сум тука, заедно со вас денеска во поддршка на Тони Трајковски, сегашниот и иден градоначалник на Гази Баба. Така е Тони. Она што сакаат да го набијат кај луѓето стравот, притисоците, заканите, уцените може да се победи само масовно излегување на изборите и гласање од страна на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ. Нема друг начин. Нема криење. Нема бегање. Колку повеќе се обидуваат да набијат страв, толку повеќе народ ќе излезе пред нив.

Денеска сме тука во очи празникот 23-ти октомври, денот на македонската борба, денот на ВМРО, денот на формирањето на ВМРО. Гледам дека тие се плашат, да го слават овој празник се срамат од него. Па решиле оваа година да не ја доделуваат ниту наградата „23 Октомври“, зошто, од што се плашат, од што се срамат, од што се кријат. Од луѓето кои што се бореа и ги дадоа животите за слободата на оваа земја, па уште ќе го укинувале празникот.

ВМРО секогаш била и ќе биде заштитник на интересите на Македонија. Заштитник на интересите на Македонците. Заштитник на интересите на граѓаните на оваа држава. И ние нема ни да се срамиме, ни да се плашиме, напротив гордо ќе го прославиме тој празник“, рече Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес овде со вас сакаме да направиме заедничко дружење и презентација на проектите кои што ги планираме, развојот и визијата за оваа населба за следните 4 години. Оваа населба во минатото памети кои се луѓето кои што постојано само ветуваа и лажеа и кои се луѓето кои што она што го ветуваат на дело го реализираат.

Овде голем број на проекти реализиравме заедно со Градот Скопје, заедно со градоначалникот на Градот Скопје, и заедно со владата која што беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ и господинот Никола Груевски.

Ние не велиме како нашите противници има малку дена, дека 100 дена се малку дена. Не велиме дека сами се ќе направиме. Секогаш сме велеле дека ќе направиме заедно со тимот кој што со бил со нас. Така и сега за овие избори со нас имаме тим и она што ни е препознатливо имаме програма.

Мојот противник упорно тврди дека ќе направел реконструкција на основното училиште. Јас упорно му велам оди види таму на лице место, ние веќе тоа училиште го градиме го започнавме заедно со претседателот Никола Груевски, заедно ставивме камен темелник и тоа училиште ќе го изградиме.

И упативме јасна порака дека како што ни ги скратија проектите за „Крсте Мисирков“, за домот за стари лица, за градинката во Стајковци нема да им дозволиме ова училиште да го скратат. Со ребалансот голем дел од проектите тие ни ги скратија“, рече Тони Трајковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Гази Баба.

Слични содржини