(ВИДЕО) По Србија, руски десантни единици вежбаат во Египет

од desk3

 

or-38084

Министерството за одбрана на Русија објави видео со вежбите на пристигнатите на руски војници во Северна Африка.

Ова е прв обид за спроведување на заеднички активности на падобрански-десантни единици на две страни на територијата на африканскиот континент, се вели во официјалното соопштение.

Кадрите се од основниот дел на антитерористичка вежба “Бранители на пријателството 2016”, во кое се тренира ослободување на населба.

Заедно со руските десантници од транспортните авиони Ил-76МД од околу 600 метри се спуштија и египетските војници, објави “Интерфакс”.

Маневрите ќе траат до 26 октомври, а руските десантници отпатуваа за нив во средината на месецот од аеродромот Дјагилево во Рјазанската област.

Во оваа фаза од вежбатасе активира над 15 хеликоптера и различни авиони. Со падобрани се спуштени околу 300 војници и 10 единици борбена техника.

Командата е од центарот во базата Ел Хамам, а вежбите биле забележани од претставници на повеќе од 30 држави, дополнуваат од Министерството за одбрана во Москва.

Лани иста ваква вежба руските десантни сили одржаа вежба во Србија.

Слични содржини