Пречекан како херој од леви и антиевропски партии во Европскиот парламент, Алексис Ципрас ги повика европските партнери за фер договор кој ќе ја остави неговата земја во еврозоната. Во страстниот говор грчкиот премиер сепак ја призна и одговорноста на Грција за бедна положба, откако вчера ја доби последна шанса за само пет дена да предложи нови реформи.

2110840586

Со затворени банки, ограничувања при банкарските повлекувања и економија пред колапс, Грција никогаш не била толку блиску до полн државен банкрот и до излегување од еврозоната. Сепак грчкиот лидер изгледаше спокоен и уверен дури и малку смирен кога пристигна за својот говор во пленарната сала на ЕП во Стразбур, коментира “Ројтерс”.

Тој беше пречекан на нозе и со аплауз, како вистински херој од леви и антиевропски партии, кои и пред, и по референдумот се изјаснија во поддршка на Ципрас и неговата СИРИЗА. Некои од европратениците дури кренаа плакати со “OXI” (“Не”), за да ја покажат емпатија со резултатите од грчкиот референдум.

2110840585
Само неколку часа откако партнерите од еврозоната го поставија новиот и по нивните зборовите последен краен рок на Атина, Ципрас изјави дека Грците немаат друг избор освен да инсистираат за излез од ќорсокакот. “Решени сме да не влегуваме во судир со Европа, туку да го промениме нашето општество и патиштата, кои не доведоа нас и еврозоната до кризата”, рече тој.

Тој истакна дека предводената од него влада е на власт од само пет месеци и затоа не носи одговорност за грчката криза. Грција е на работ на банкрот, бидејќи владите во Атина од последните години беа клиентелистчки, пројадени од корупција, дозволија неплаќањето на даноците, посочи Цирпас.
Грчкиот лидер вети дека ќе претстави детални предлози за реформи во следните 48 часа, а во поголемиот дел од својот говор ја избегнуваше напаѓачката реторика која ја користеше во последните месеци против европските партнери. Сепак тој не пропушти да ги критикува обидите за “тероризирање” на Грците да гласаат за бескрајни рестриктивни мерки.

Грчкиот премиер го нарече резултатот од референдумот во неговата земја во неделата “решителна осуда на грчкиот народ”. Добивме мандат да ги интензивираме напорите за постигнување на социјално праведно решение, без да ги повторуваме грешките од минатото, кои ја опустошија грчката економија со наметнатите буџетските ограничувања. Одговорот на грчкиот народ беше храбар, и покрај огромниот притисок и медиумскиот терор, додаде тој.

2110840588
Според неговите зборови , резултатот од референдумот не е решение за прекин на преговорите со кредиторите, туку за продолжувањето на основата на европското обединување и принципи на меѓусебно почитување и еднаквост.

Европа е на крстопат , грчката криза само ја покажува неспособноста на еврозоната да наоѓа трајни решенија. Верувам дека заедно ќе се справиме со овој историски предизвик, посочи Алексис Ципрас.

2110840589

Иако променетиот тон од Атина и ветувањата за нови предлози, извори од еврозоната посочија дека клучното прашање е дали новиот пакет со реформи ќе биде амбициозен од понудената досега заштеда на трошоци, зголемување на даноците и умерени реформи.

Уште синоќа германската канцеларка Ангела Меркел даде да се разбере дека не е премногу оптимист дека може да се постигне договор за спасување на Грција до недела. Таа сепак посочи дека лидерите на еврозоната се свесни за заедничката одговорност која ја носат за спасувањето на единствената валута.

Слични содржини