(ВИДЕО) Продолжуваат протестите против „Албанската платформа“

од desk2
Чад и мирис на бензин на протестот на иницијативата „За заедничка Македонија“ на кој се приклучија и моторџии. Демонстратите 33. ден бараат партиите да се повлечат од албанската платформа, информира Телевизија 24.
Откако вчера поранешниот претседател на законодавниот дом, Саво Климовски, индиректно им се закани на пратениците дека со граѓаните разликата е само 20 метри до собраниската сала, денеска дел од насобраните, велат, ако треба ќе влезат во Собрание.
Организаторите со идентични пораки – да не се избере претседател на законодавниот дом што ја поддржува албансаката платформа, бараат да се повлече албансаката и да се формира македонска платформа.
„Да им порачаме на политичарите, ова е народ, свој на своето, со своја глава размислува. Ако не го почитувате и ви треба само за свои интереси тогаш не ни требате“- порача Борис Дамовски, организатор на протестите.

Викендов нема да се маршира, а иницијаторите ќе организираат протести сè додека не им се исполнат барањата./извор ТВ24

Слични содржини