(ВИДЕО) Путин му одговори на Оливер Стоун, кој ќе е победник во “жешка” војна САД – Русија

од Vladimir Zorba

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за документарниот филм на Оливер Стоун одговори на прашањето, кој ќе победи, ако “студената” војна меѓу Русија и САД се претвори во “жешка” со користење на оружје за масовно уништување.

Извадок од интервјуто со рускиот лидер е распространето на телевизискиот канал Showtime. “Мислам дека никој нема да преживее”, изјави Путин. Рускиот претседател ги утврди руско-американските односи како најлоши од времето на “студената војна”.

Тој истакна дека темелот на меѓусебната соработка, кој се формирал во текот на претходните децении, беше уништен. Во фрагментот претседателот исто одговара на прашањето, има ли надеж дека односите меѓу САД и Русија ќе се подобрат: “Надеж има секогаш. Се додека не почнат да се носат во бели чевли кон гробиштата”.

Showtime пушти видеото во пресрет на премиерата на документарниот филм Оливер Стоун за Владимир Путин, кој ќе биде емитуван на телевизискиот канал помеѓу 12 и 15 јуни.

На почетокот на јуни телевизија CBS покажа фрагмент од интервјуто во кое Оливер Стоун зборува за пет непознати атентати против Путин. Одговарајќи на прашањето за нив, рускиот претседател вели: “Знаете ли што вели нашиот народ? На кој му е замислено да биде обесен, нема да се удави”.

Оливер Стоун зборувал со него во април 2017 година и дека има намера да го пушти филмот за Путин, за да “претстави нова гледна точка, за која ние, Американците, не сме слушнале”. “Путин е еден од најважните лидери во светот, а бидејќи САД го прогласија за непријател – голем непријател, сметам дека е многу важно да се слушне она што тој може да каже”, објасни тој.

Претседателот на Русија не ја пропушти и темата со НАТО. Тој рече дека НАТО денес бара надворешен непријател, за да го оправда своето постоење. “Повеќе нема Источен блок, го немаСоветскиот Сојуз. Зошто тогаш постои НАТО? Ми се чини дека за да се оправда постоењето на НАТО, е потребен надворешен непријател, постојано се бара надворешен непријател или било какви провокации, за да се посочи некој како противник “, изјави Путин.

Според информација на Variety.com, рускиот лидер и режисерот Оливер Стоун во текот на подготовката на интервјуто го погледнале познатиот филм на Стенли Кјубрик “Доктор Стрејнџлов како престанав да се плашам и да ги љубам бомбите”, кој раскажува за хипотетичен нуклеарен конфликт меѓу СССР и САД .

При тоа во друго издание, The Daily Beast повторува светол цитат на претседателот на Русија во врска со овој филм. “Кјубрик предвидел некои проблеми дури од техничка гледна точка, нешта кои не тераат да размислуваме за реалните закани кои постојат … Работата е дека од тоа време малку работи се променија.

Единствената разлика е во тоа што современите системи за вооружување стануваат посложени. Но идеите за употреба на возвратно оружје и неможноста за контрола на овие системи за вооружување, како и досега, се на дневен ред. Тоа станува посложено и опасно “, смета рускиот претседател.

Смешен инцидент се случил по гледањето на филмот, кога Стоун му подарил на рускиот лидер ДВД-диск со филмот, кое подоцна се покажало дека кутијата со дискот била празна. Разбирајќи го тоа, Путин се вратил кај Стоун и му покажал дека кутијата е празна. Станало јасно дека познатиот режисер заборавил да го стави дискот во кутијата. “Типичен американски подарок”, коментирал рускиот претседател.

Слични содржини