(ВИДЕО) Путин му телефонира на Трамп: Благодарарност до на претседателот на САД што ЦИА сподели информации, кои го спасија Санкт Петербург од терористички напад на ИД

од desk4

Рускиот претседател Владимир Путин вечерва му телефонирал на својот американски колега Доналд Трамп, за да му се заблагодари за информациите што дозволија да се спречи терористички напад во Русија.

Телефонскиот разговор се одржал на иницијатива на руската страна, објавија локалните медиуми, цитирајќи го Кремљ.

Информациите биле обезбедени од ЦИА и тие им овозможиле на руските власти за спроведување на законот да го спречат планираниот самоубиствен бомбашки напад во Казанската катедрала во Санкт Петербург.

Претседателот Путин се заблагодарил на својот американски колега за пренесената информација од страна на ЦИА, која помогнала да се откријат и задржат терористите кои подготвувале експлозиви за Казанската катедрала во Санкт Петербург, како и на други прометни места во градот, забележуваат од прес-службата на Кремљ.

Информациите добиени од страна на ЦИА, забележани од страна на претседателот, се покажаа доволни за откривање и затворање на терористи.

Путин го замолил неговиот американски колега да се заблагодари од негово име на директорот на ЦИА и на оперативните соработници на американското разузнавање, кои дошле до оваа информација.

Рускиот претседател го уверил американскиот лидер дека при добивање на информации кои се однесуваат на терористички закани поврзани со САД и нејзините граѓани, руските тајни служби веднаш ќе ги предадат на американските колеги по партнерските канали.

Според информациите објавени од ФСБ, криминализираната ќелија на терористи, кои биле предводено од команданти на ИД. Планот им бил на 16 декември џихадист-камиказа да се разнесе во Казанската катедрала, а други да експлодираат бомби на прометните места во родниот град на Путин Санкт Петербург.

Слични содржини