13295110_10207901785095724_1760006750_n-860x666

Полициски сили, меѓу кои и припадници на специјалните единици го блокираа пристапот околу Собранието од сите страни и не им дозволија на демонстрантите вечерва да се приближат, за да не можат да фрлаат боја со катапултот.

За разлика од претходните деновите кога полицијата беше во дворот на Собранието, сега пристапот на незадоволните граѓани барем до дворот на собраниската зграда им е оневозможен.

Сепак со катапулт и со чатали демонстрантите успеаја да го обојат Собранието.

– Утрово пред мојата врата дојде полиција за да го приведе мојот син. Чавков, мојот син не се плаши, како што не се плашат и овие луѓе собрани овде. Се плашите вие криминалците што ќе завршите во затвор. Мојот син не е криминалец, мојот син е храбро момче кое ја сака Македонија – рече актерот, Драган Спасов-Дац. Марјан Ристески од Левица побара слобода за приведените демонстранти и порача дека тие нема да се откажат од борбата за остварување на барањата. – Доаѓа времето кога полицаецот, војникот, кога обичниот граѓанин ќе си го добие своето место во ова општество – рече Ристески. Пензионер, кој се претстави како „претставник на најизманипулираната група во земјава“ порача дека „ова е борба за поголема демократија, слобода и борба за Македонија. – Власта не ја интересира државата, туку само нивните интереси и тендери. Ги интересира само да ја спасат својата кожа и да не одат во затвор – рече пензионерот.

Претходно демонстрантите беа пред ЕУ-Инфоцентарот каде на асфалтот на улицата на англиски јазик напишаа „Селективна правда е неправда“.

„Не запираме! Парцијално повлекување на аболицијата не прифаќаме! Половична правда е неправда! Нема да запреме додека не се повлече аболицијата целосно. Не неколку, туку сите треба да бидат предмет на истрага. Чекориме по улицата за сите кои се сомничат за криминал да бидат изведени пред суд. Претседателот си поигрува со нас, но уште повеќе се поигрува со правдата. ‪Протестирам за да не го дозволам ова поигрување!“, соопштија денеска од движењето „Протестирам“./ извор Мета

Слични содржини