„Доста беше виткање на кичми, време е сите да го кажеме својот став и да престанеме да се криеме позади студентите“, порача професорката Синоличка Трпкова на денешниот протест на Студентски пленум, кој заврши на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Ова се однесува на нејзините колеги професори, ректорската управа и ректорот, за кои вели дека мора да застанат на страната на студентите.

„Време е сите да покажеме став, кои сме, за што зборуваме, и време е да не се криеме позади нив (студентите). Досега можевме да ги свиткаме кичмите, но денес, професорите мора да кажат дека се на страната на студентите, демократијата и на страната на легалните избори на Студентски парламент. Се надевам дека сите ќе собереме храброст да ја сочуваме автномијата на најстариот универзитет „Св. Кирил и Методиј“, рече Трпкова.

извор: радио МОФ

Слични содржини