(ВИДЕО) Телохранителот на Мијалков претепал жена пред полициска станица

од Vladimir Zorba

Tелохранител на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, претепал женско лице пред очите на своите колеги полицајци, дознава ТВ24.

Инцидентот се случил минатиот викенд пред полициската станица Карпош. Според очевидците, телохранителот на Мијалков ја нападнал жената со тупаници во главата. Еден од сведоците на настанот повикал итна медицинска помош.

Целата драма се одвивала пред полициската станица во Карпош, затоа што според сознанијата жената дошла во оваа полициската станица со намера да пријави дека претходно била физички малтретирана од истото лице. Но, тој дошол веднаш по неа, и ја нападнал пред присутните полицајци.

 Целата драма се одвивала пред полициската станица во Карпош, затоа што според сознанијата жената дошла во оваа полициската станица со намера да пријави дека претходно била физички малтретирана од истото лице. Но, тој дошол веднаш по неа, и ја нападнал пред присутните полицајци.
МВР за ТВ 24 потврди дека личниот обезбедувач на Мијалков од редовите на МВР е суспендиран, други детали не соопштуваат додека не заврши целата истрага.
-Сепак, дознаваме дека против него е поднесена прекршочна пријава. Според нашите извори, внатрешната контрола во министерството го одземала целото оружје кое го поседува телохранителот на поранешниот директорот на УБК. Одземени му се три пиштоли и еден хеклер службено оружје, како и две ловни пушки во негова приватна сопственост. Телохранителот на Мијалков ќе остане суспендиран и без своето оружје до завршувањето на постапката за утврдување одговорност. Инаку, суспендираниот полициски службеник од шестата управа е еден од шесте лични телохранители кои му следуваат на функционерот по завршувањето на функцијата – пренесува телевизијата.
Ова не е прв пат, лице од личното обезбедување на Мијалков да направи инцидент. Во февруари годинава, пратеникот Мухамед Зекири тврдеше дека бил нападнат од телохранителите на Мијалков во познат скопски ресторан. По крвавиот упад во Собранието пак, се појавија фотографии од поранешни обезбедувачи на Мијалков како ја упатуваат толпата кон салата каде се наоѓаа пратениците.

Слични содржини