Во вчерашното интервју за охридската телевизија ТВМ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев уште еднаш повтори дека не доаѓа предвид амнестија за криминалот. Запрашан за причините поради кои поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски предложил вакво нешто тој го кажа следното:

– Ако дозволите, во периодот што претстои на јавноста ќе и стане јасно зошто господинот Љубчо Георгиевски калкулира во матно во овој период обидувајќи се да ги изедначи двете страни. Ако е опозиционер ќе излезе јасно и гласно ќе застане против тоа. Ако е нешто друго најверојатно го прави тоа што го прави. Вистината за Македонија, реков, нема да поштеди никого, знаејќи го тоа тој, најверојатно се обидува да си купи некое приврзаништво со Груевски, но и со сите други – рече Заев.

Слични содржини