(ВИДЕО) Жестоки пресметки во Донбас, десетици убиени и ранети кај киевските војници

од desk2

При обид да заземаат позиции на вооружените сили на ДНР крај Авдеевка како резултат на “пријателски оган” загинаа 25, а беа повредени повеќе од 40 Киевски војници.


Ова го објави на брифинг заменик командантот на Оперативната команда на Донецкската Република Едвард Басурин, цитиран од rusvesna.su.

“Само во изминатото деноноќие украинските војници загубија повеќе од 25 убиени и над 40 повредени. Вината за масовното истребување ја имаат несогласените активности на украинските команданти и како последица на тоа oд” пријателски оган “од минофрлачи по своите напаѓачки војници”, објасни Басурин.

Тој обелодени исто така и разузнавачки податоци дека како резултат на детонација на артилериски гранати загина целиот персонал на два состава на 152-милиметарски хаубици “Гиацинт-Б”, кои  нанесуваа моќен огнен удар по мирните жители на Макеевка.

Претходниот ден, при на нападите кон Донецк, до населениот премин Јасиноватаја киевските војници се исто така претрпеа големи загуби – 20 убиени и над 30 повредени.

Воено набљудувачи покажуваат дека сегашната офанзива на Киев во Донбас е очајнички обид на украинските власти да привлечат повторно вниманието на Западот, особено по победата на Трамп. Неслучајно украинскиот претседател Петро Порошенко се покажа токму сега во Берлин, за да добие уверување за поддршка од страна на канцеларката Ангела Меркел.

Слични содржини