Видеото од нападот на Украинецот врз Кардашијан: Ким решила да го тужи

од Vladimir Zorba

Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашијан одлучи да го тужи украинскиот новинар Виталиј Седјок, кој се обиде да ги бакне задните нејзините делови за време на модната недела во Париз, соопштува TMZ.584309f3fdd34c506d7527c56b508ae3

Извор близок до ѕвездата, споделил пред изданието дека таа ќе поднесе барање да биде издадена забрана на репортерот да ѝ се доближува.38e2c72100000578-3812612-watch_out_kim_kardashian_narrowly_missed_out_on_being_tackled_by-a-11_1475099792668

Сопругата на раперот Кание Вест истакна дека однесувањето на Украинецот е закана за неа и други луѓе. Во документ до француската полиција таа пишува дека Седуик нема да запре “, ако не си плати за стореното”, забележуваат изворите.

Кардашијан исто така има железна психа, пишува Daily Mail, бидејќи само неколку часа по инцидентот со Виталиј, објави слика во Instagram со натпис “париски вибрации”.

Ова е втора скандалозна прошетка на Седуик поврзана со Кардашијан. Во септември 2014 година, повторно на модната недела во Париз, тој се обидел да ја кутне на земја телевизиската ѕвезда кога таа слегувала од автомобил.

Исто така во листата на жртви на овој новинар е и топмоделот Џиџи Адид. На 22 септември оваа година на модната недела во Милано, Седуик ја нападна манекенката додека си правеше селфи со фанови.

(ФОТО) И на Ким Кардашијан ѝ се пушти напаѓачот на Џиџи Адид

Новинарот се приближи до неа и ја крена од грб. Адид сепак не му остана должна и го удри со лакт во лицето.

На 5 јуни 2014 година Украинецот беше повикан во судот во САД за да одговара за негов напад над актерот Бред Пит, кој се случил пред три години.

Тогаш тој се обидел да го бакне актерот за време на премиерата на филмот “Господарка на злото”, каде што Џоли исполнува главна улога.

Слични содржини