На осум деловни објекти во Охрид им се изречени глоби и мерки затворање во рок од 15 дена поради неиздавање фискални сметки, соопшти Управата за јавни приходи по денеска спроведените контроли.

ujp (1)

Во уште два угостителски објекта е констатирана продажба на алкохол со сомнително потекло, без бандероли.

Според УЈП, по инспекциските контроли викендов во Охрид и Битола се затворени вкупно 10 објекти, а во три е утврдена продажна на алкохол без бандероли поради што се повикани мобилните царински служби за натамошано постапување и презмање соодветни мерки.

Контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Слични содржини