Ставот на Владата по однос на оваа тема е изнесен преку дејствието на МВР со отпочнување на постапката по однос на овој случај и преку обраќањето на премиерот Груевски, изјави за НОВА владиниот портпарол Александар Георгиев на прашањето кој е владиниот став по денешната пресконференција на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ, денеска на прес-конференција објави дека Управата за контраразузнавање и безбедност (УБК) прислушкувала преку 20.000 македонски граѓани, политичари, новинари и членови на верски заедници.

Заев објасни дека денеска СДСМ за ова поднела кривична пријава против директорот на УБК, Сашо Мијалков и против директорот на петтата управа Горан Груевски.

Слични содржини