ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваме со спротивствување на обидите за редефинирање на Македонија

од Vladimir Zorba

 

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седница донел заклучок согласно кој, како што потенцираат оттаму, Извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава. Партијата останува на ставот дека најдобро решение се нови избори заедно со локалните или поддршка за СДСМ да формира влада и да ја отфрли тиранската платформа.

– ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и национални интереси по секоја цена, се вели во денешнто соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет на партијата ја констатирал фактичката политичка состојба во која победникот во албанскиот блок партии одлучил да не коалицира со победникот во македонскиот блок испраќајќи го во опозиција, односно одлучил да ја изигра волјата на мнозинството македонски граѓани кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

– Со тоа засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови. , се вели во соопштението.

Во него се додава дека Централниот комитет затоа го потврдил ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори.

– Тие би се одржале заедно со локалните. Со тоа би се редуцирале трошоците, а граѓаните би добиле шанса да се произнесат околу тиранската платформа, која беше донесена по изборите како услов за формирање влада, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ.

Централниот комитет констатирал дека помала е штетата доколку на СДСМ му се понуди поддршка за формирање влада и покрај тоа што ги изгубиле изборите. Оваа поддршка, велат од партијата, би се реализирала само со експлицитно отфрлање на тиранската платформа и нејзините елементи од страна на СДСМ

Слични содржини