ВМРО-ДПМНЕ протестираше пред Кривичен

од desk4

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираа пред Кривичниот суд во Скопје, откако и денеска во периодот од 15 до 17 часот блокираа повеќе скопски крстосници, информира а1он.

Опозицијата започна да протестира пред два дена по приведувањето на триесетина лица поради обвинение за насилствата во Собранието од 27 април.

На вечерашниот протест говореше Оливер Андонов кој што кажа ги апсат луѓето кои си ја сакаат Македонија. Тој напомена дека доколу Чавков сакал да направи државен удар, тоа ќе го сторел додека протестираа „Шарените“. Освен Андонов, на протестот се обрати и Александар Нацев кој напомена дека со апсењата се обидуваат да го скршат духот на Македонецот.

Помеѓу присутните на протестот, кој што траеше околу 1 час беа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и Влатко Ѓорчев.

Слични содржини