117
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат Џафери за флагрантно кршење на Уставот и на законите, изјави вечерва лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако Собранието попладнето без амандманска расправа го донесе Законот за употреба на јазиците.
Мицкоски најави дека партијата ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд за да се произнесе за уставноста за овој закон.
– Ова безредие нема да трае вечно, злосторниците ќе одговараат за своите злодела. ВМРО-ДПМНЕ останува на бедемот на државните интереси, рече Мицкоски.
Во живо: Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Публикувахте от Radio Slobodna Evropa na Makedonski в Сряда, 14 март 2018 г.