Во Франција уапсени три лица кои подготвувале терористички напад

од desk2

Три лица се уапсени во Франција под сомневање дека подготвувале терористички напад, потврдија полициски извори за француските медиуми.

Мажите се уапсени во Марсеј, Клермон-Феран, како и на подрачјето на Париз.

По серијата терористички напади во последните неколку години, Франција е во состојба на висок степен на готовност.

Полициски извор соопштил дека тројцата осомничени се уапсени во рамки на прелиминарната истрага почната во јануари, поради сомневање дека планираат да заминат во Сирија или да извршат терористички напад во Франција.

Слични содржини