Во понеделник во 17 часот собир за поддршка на СЈО

од desk3

Во понеделник во 17 часот пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво.porta

Во повикот на социјалните мрежи пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напади на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО.

13466096_1012889848788586_1358665221857063316_n-860x680

„Власта со кој се уште управува обвинетиот Груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција. Судиите од тефтерот на Горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот Обвинителен предлог кој СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на Зврлевски. Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО. Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат исклучиво за дискредитација на Катица Јанева и институцијата која ја претставува“, пишува во повикот за собир објавен на „Фејсбук“.

Организаторите велат дека на СЈО повторно му е потребна помош од граѓаните и не смее режимот да помисли дека СЈО повеќе ја нема поддршката на граѓаните.

Настанот го организира „Шарената револуција“.

Слични содржини